Ваквото миење не ги дезинфицира садовите: Еве што треба да правите

ИЗВОРСкопје24
|

Додека ги миете садовите со топла вода и детергент, сигурно мислите дека ги оставате чисти и дезинфицирани.

Не сакаме да ви носиме лоши вести, но денес особено важно е да се напомене дека повеќето средства за миење садови немаат антибактериски својства. Тоа е вистина, па дури и да сте ги потопувале и триеле со сета сила. Вашите чисти садови може да се всушност легло на бактерии и нечистотии.

Во повеќето случаи ова не е причина за загриженост, но ако некој во вашиот дом неодамна бил болен или на штиците и чиниите сте приготвувале свежо месо, мора да се погрижите се’ да биде навистина дезинфицирано.

Како да бидете сигурни дека садовите се потполно чисти и сигурни за употреба? Следете ги овие упатства!

Користете машина за садови ако ја имате
Иако постои дебата околу тоа што ги мие подобро садовите, машината или рацете, сепак, ако треба да одредиме кој уништува повеќе бактерии, машината е сигурен победник! Можеби таа не е најдобар начин на отстранување дамки и остатоци од храна, за време на миењето може да постигне многу повисока температура од таа што вашите раце би можеле да ја поднесат. Водата е еден од најважните фактори за уништување бактерии. За да бидат бактериите уништени, температурата на водата треба да биде над 60 степени.

Користете многу топла вода
Ако немате машина и мора да ги миете садовите рачно, тогаш користете многу топла вода.

Фрлете го сунѓерот
Ако се’ уште ги миете садовите со сунѓер, веројатно им додавате бактерии на чиниите и шолјите. Користете силиконски четкички кои лесно се мијат и сушат, а ако никако не можете да се одвоите од сунѓерот, обидете се да го менувате барем еднаш неделно.

Кујнски крпи
Ако ги бришете садовите по миењето со нечиста крпа, тоа е исто како да не сте ги измиле. Секогаш користете потполно чиста и испеглана крпа за бришење садови.