Вардар го продаде првиот „цепелин“, Скубе и Чупиќ го збунија Порто (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот ракометен првак Вардар во дуелот против Порто во Скопје, во рамки на 2. коло од Лигата на шампионите, изведе атрактивен цепелин кој доби овации од публиката и го збуни португалскиот гостин.

Во вториот дел Вардар игра како во транс, а јаготка на шлагот беше цепелинот за предност од 25-20 во СЦ „Јане Сандански“. По една акција, Кристопанс додаде до Чупиќ, а тој веднаш го проигра Скубе кој во лет реализира.

Цепелинот на мечот меѓу Вардар и Порто погледнете го ТУКА.

Вардар ја стартува сезоната во Лигата на шампионите со триумф над Монпелје, а во Скопје игра како фаворит против Порто и е на праг да ги прокнижи новите бодови во ракометната елита.

Извор: Гол.мк