Вардар влезе во „црна дупка“ против Кил и пропушти нова шанса за титула на Супер Глоуб

ИЗВОРСкопје24
|

Вардар ќе мора да се избори за нова шанса за настап на светското клупско првенство во ракомет, бидејќи ова попладне одигра далеку под своите можности во полуфиналната пресметка со Кил.

Европскиот шампион не успеа да ја круниса својата незаборавна година со титула и на Супер Глоуб турнирот кој се игра во Саудиска Арабија, или поточно, не обезбеди пласман ниту во финалето каде ќе го гледаме германскиот претставник Кил. Тимот на Писонеро кој очигледно се уште не е комплетно оформен и разигран налета на противник кој веќе се наоѓа во натпреварувачки ритам, а тоа посебно дојде во израз на стартот на второто полувреме кога нашиот тим имаше страшна „црна дупка“ која траеше цели 10 минути. По минималните 17:19 на полувремето, Вардар на средина на вториот дел имаше негатива од 20:29, а тоа се покажа како преголема негатива за надокнадување, иако избраниците на Писонеро се изборија за подостоен пораз.

Вардар не постигна гол цели десет минути се до голот за 21:29 кој го постигна Тимур Дибиров, а до крајот, постигна уште девет погодоци за конечни 30:34.

Извор: derbi.mk