Вардарци му го честитаа роденденот на Васоски со најубавиот поклон

ИЗВОРСкопје 24
|

На стартот од 12 коло денеска на Градскиот стадион во Велес екипата на Вардар триумфираше над Борец со 0:2 (0:0).

Вардарци стигнаа до оваа победа преку головите на Попзлатанов (79`) и Цветановски (91`). На тој начин победнички му го честитаа 41 роденден на нивниот тренер Александар Васоски.

Инаку, составот на Васоски четири меча немаше триумф во првенството, последен пат славеше на 27 септември 2020 година на домашен терен против Беласица (3:1).

Вардар, со четвртата победа сезонава, се наоѓа на шестото место со 16 бодови, додека Борец кој го претрпе третиот пораз е четвртопласиран со 19 бодови.