Васил Гарванлиев на Евровизија 2020 ќе настапува со песната „YOU“

ИЗВОРскопје24
|

По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик Македонската Радио Телевизија заедно со Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам.

Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката. Текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер.

Македонската Радио Телевизија им се заблагодарува на сите автори коишто пројавија интерес и се одзваа на јавниот повик, понудувајќи ги своите музички проекти.