Важна вест за Скопјани – овие фреквентни улици утре ќе бидат затворени за сообраќај поради протест

|

Утре на 08.09.2021 (среда) со почеток од 13:30 часот најавен е протест кој треба да почне од плоштад “Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ.

За таа цел од 13:30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул.”Гоце Делчев”, бул.”Илинден” и бул.“Климент Охридски”.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.