Веб-страната на МОН со часови не функционира – Родителите бараат информации за учебната година на своите деца

ИЗВОРСкопје24
|

Официјалната веб-страна на Министерството за образование и наука падна, родителите веќе со часови се обудуваат да дојдат до информации за своите деца по првиот училишен ден, но залудно. Од МОН засега нема официјално известување која е причината зошто веб-страницата не е во функција.

На страницата на МОН треба да се објавува распоредот на часовите што ќе се емитуваат на платформата Едуино на МРТ, но и за резултатите за сместување во студентски дом, сепак ниту учениците, студентите или родителите засегнати немаат увид во ваквите информации.

Она што е засега познато е само распоредот за онлајн часови за учениците од прво до трето одделение, кој може да се прочита на фејсбук-страната на министерката за образование и наука, Мила Царовска, каде таа синоќа го објави, но за останатите работи информации нема.

Ова не е првпат веб-страната на МОН да не функционира. Пред два месеци, истата беше под хакерски удар.