Вечерва пред спиење облечете чорапи: Ќе ви се случат две добри работи

ИЗВОРСкопје24
|

Сонот е важен дел од животот на секој поединец и клучен за нормално функционирање во текот на денот. Голем број од луѓето поминуваат една третина од денот во спиење, а меѓу нив има многу кои во кревет легнуваат со чорапи.

Кога навечер ќе ги загреете стопалата, се испраќа сигнал на мозокот дека време е за спиење. Кога крвните садови во стопалата и рацете се отворат, топлината се шири по целото тело и тоа се подготвува за сон, што обезбедува помирен сон, и тоа главно без прекини.

И не само тоа, научнците откриле дека кога навечер ќе облечете чорапи, ќе заспиете побрзо, дури 15 минути побрзо отколку што просечно ви треба. Спиењето со чорапи е корисно и помага побрзо да потонете во сон, а околу 4 часот наутро кога температурата на телото е најниска на овој начин му се овозможува на организмот доволно топлина.

И алтернативната медицина се сложува со овие заклучоци. Според традицоналната кинеска медицина, ладните стапала ја влечат топлината од телото и го прекинуваат дотокот на витална енергија.
На просечната возрасна личност потребни и се меѓу седум и девет часа сон.