Вечерва во 360°: Минималната плата на хартија 18 илјади, а на сметка два денара – како е можно?

|

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (7 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат. Во најавата на емисијата се издвојува:

-Единаесет илјади работници секој месец земаат плата под законски гарантираниот минималец – зошто Владата, од една страна, се фали со зголемување на минималната плата, а од друга, ги толерира работодавачите што го кршат законот;

-„Македонија во мало“ – присуствуваме на состанок на станарите и раководството на државниот пензионерски дом во Аеродром;

-Пет и пол години по објавата дека се отвора, новата зграда на државните Електрани (некогаш ЕЛЕМ, денес ЕСМ) се уште не е во функција – зошто објектот за кој се потрошени 17 милиони евра фаќа пајажини;

-Што донесе лидерската средба во Собранието;

-„Саботажа“.

Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.