Веднаш пријавете доколку го видите – Исчезнат е маж во Скопје

|

Во последно време се повеќе добиваме информации за исчезнати луѓе во нашата земја, а од пред три дена исчезна и уште еден маж во Скопје.

Исчезнат е Жарко Спирески, а според она што го објави неговата мајка на социјалните мрежи последен пат е виден во скопско Волково. Доколку имате било какви информации за неговото исчезнување веднаш пријавете.

“Исчезнато е лицето Жарко Спирески. Облечен во црна јакна со црвена постава, маслинеста блуза, фармерки и црни кондури. Последен пат е забележан во околината на Волково. Ве молиме ако имате некакви информации јавете се на 078 713 788 или најблиската полициска станица. и споделете за да видат повеќе луѓе. (ве молиме без злоупотреба на овие податоци)”, стои на објавата на Фејсбук.