„Веќе не давам пари за средства- 1 лажица од оваа домашна смеса веднаш ги одзатнува мијалникот и тоалетната школка“

ИЗВОРСкопје24
|

Денес решивме да го олесниме животот на сите домаќинки, со споделувањето на овој лесен трик, со чија помош ќе го одзатнете секој проблематичен канал во домот, за само неколку минути.

Најдобро од сè е што веќе нема да мора да давате пари за некој купечки препрарат со ужасен мирис.

Сè што треба да направите е да исипете 1 супена лажица обична сол во мијалникот или шолја сол во тоалетната школка.

На овој начин, многу брзо и ефикасно ќе ги одзатнете каналите.

Иако солта можеби не е здрава да се консумира во поголемо количество, таа е вистински спас кога станува збор за домаќинските проблеми поврзани со чистењето.

Луѓето го сакаат мирисот на солен воздух, а многумина веруваат дека истиот може да ја елиминира токсичната енергија од просторот.

Понекогаш просторијата, покрај физичкото чистење, бара малку духовно чистење, а истурање сол во аглите на собата е ефикасен начин да се направи токму тоа.

Многу култури ширум светот користат сол за да го благословат просторот и да ги избркаат негативните сили.

Јапонските борци не го започнуваат својот натпревар сè додека не се истури сол во рингот, за да го отстранат лошото расположение, а католичките свештеници ја користеле солта за време на егзорцизмот.

Како да користите сол за чистење на вашиот дом?

Што се однесува до видот на солта што се користи, секоја сол, освен индустриска, може да биде корисна. Истурете сол во аглите на вашиот дом, веднаш до најчесто користените врати или веднаш до прозорците.

Важно е да ја оставите да стои неколку дена, за да може да делува како магнет за негативната енергија. Оваа сол не е за консумирање, па во никој случај не дозволувајте вашите миленичиња да ја јадат.

Солта не е одлична само за спречување на негативните мисли и лошите вибрации, туку и за несаканите гости – пајаци. Поточно, солта може да биде одличен природен начин да ги избркате пајаците од вашиот дом.

Се препорачува да направите раствор од сол и вода и да ги испрскате областите каде се сомневате дека може да има гнездо на пајаци.