Вељко Ражнатовиќ проговори за тоа како се снаоѓа во улогата на татко – Не можам да го земам синот од рацете на мајка ми

ИЗВОРСкопје24
|

Вељко, синот на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, откри за српските медиуми како успева во улогата на „нов“ тато.

Младиот Ражнатовиќ вели дека е запознаен со родителството, со оглед дека пораснал во едно големо семејство, а и колку многу му помага неговата мајка во сето ова и дека ужива во новата титула на баба.

– Лидија, тетка ми, има четири деца, сите се помлади од мене, особено двете близначиња, така што јас сум запознаен со сите работи што се прават за бебето. Сите оние кои немаат деца ќе видат кога ќе имаат, некако тоа е само твое, твојата кифла … чекаш да го направиш сето тоа, не може да се спореди со ништо.

– Не можеме да земеме детето од рацете на мајка ми, одлична е во улогата на баба, онолку колку што ми рече дека не сака да биде баба, не мислам дека можеше да добие подобар подарок, всушност сум целосно сигурен дека тоа е нејзиното мислење – додаде младиот Ражнатовиќ.