Вељко Ражнатовиќ: „Јас морам да ја чувам мајка ми, се уште се нема појавено маж кој ќе ја заслужи“

ИЗВОРСкопје24
|

Вељко и Богдана Ражнатовиќ оваа година ќе станат родители на машко бебе и поради тоа се пресреќни. Вељко сега откри како се чувствува по повод „лудилото“ кое се случуваше околу неговата свадба.

Сите кога ќе се омажат или оженат велат дека било магично. Јас навистина супер си поминав со своите најблиски, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше преубаво и тоа е навистина најубавиот ден од мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку“, рекол Вељко.

Вељко не крие дека едвај чека да дојде денот кога ќе стане татко и открива како неговата сопруга се однесува како трудница.

На тоа се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав првото дете да ми биде машко. Анастасија отсекогаш имаше проблеми во животот. Се шегувам, нормално. Ме плашеа сите кога станува збор за трудници, но мојата жена е прекрасна и вистинска легенда, му благодарам на Бога“, рекол Вељко.

Тој исто така открил и информација дали во иднина планира да се отсели од домот на својата мајка Цеца.

Со кој да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој доволно маж да може со мајка ми, јас тогаш ќе им дадам приватност ако сакаат, а до тогаш мајка ми ја чувам јас“, рекол Вељко.