Вељко Ражнатовиќ откри колку тешко му паѓа улогата на татко

ИЗВОРСкопје24
|

Синот на Цеца Ражњатовиќ неодамна доби син, а сега признава дека воопшто не би знаел како да се однесува со женско дете.

„Се молев на Бога да добијам машко дете затоа со машко знаев што и како ќе правам, а за женско појма немам, ќе морам да ставам прст на глава, да размислувам. Јас сум малку радикален. Би бил полош од Никола Којо, тој ја пушташе да оди на сплавови, јас не би ја пуштал“ изјави Вељко за „Екслузивно“ и додава дека обврските околу бебето не му паѓаат тешко.

„Уживам во тоа да менувам пелени, направим игра, се бакнуваме, жената го бања бебето. Или тренирам или сум со кучето. Имавме бабица првите 12 дена додека не падна папокот, сега куќата е полна со жени, сите тие имале деца. На мојата мајка и сестра тоа им е најубав подарок, сите ќе го разгалат, но јас тоа нема да го дозволам“.

Потсетуваме, во ноември претходната година Вељко заплива во брачните води со Богдана Родиќ, а оваа година во март станаа родители на првото дете.