Вереницата на Роналдо откри какво детство имала: Живеев во сиромаштија со татко осуденик

ИЗВОРСкопје24
|

Џорџина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо имала навистина тешко детство. Таа откри дека нејзиниот татко бил осуденик, живеела во сиромаштија и не боопшто не била задоволна од тоа како изгледала во младоста.

“Работев многу за да ги остварам своите соништа и сите мислат дека сум богата од раѓање. Работев на себе и напредував како повеќето”, рече Џорџина.

Родена е во шпанскиот град Хуеска, а израснала во мала куќа со големо семејство. Џорџина не криеше дека нејзиниот татко е осуден кој помина десет години во затвор. Свршеницата на Роналд сега важи за една од најатрактивните жени во светот, а таа признава дека порано била грда девојка.

“Многумина не ме сакаат мене или мојот Кристијано. Тоа влијаеше на мене некое време, а потоа сфатив дека што и да направам ќе ме критикуваат. Затоа повеќе не ме интересираат туѓите мислења, се грижам само за среќата на луѓето што ги сакам и кои ме сакаат”. , заклучува Џорџина.