Вернер доби македонска лична карта по неверојатното промашување (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонија синоќа во Дуизбург ја победи селекцијата на Германија со 2: 1, во рамките на 3. коло од групата Ј на квалификациите за СП.

Нашите репрезентативци поведоа во 45. минута со голот на Пандев, домаќините израмнија во 63. гол на Гундоган од пенал, а победата на гости ни ја донесе Елиф Елмас во 85. минута.

Пет минути пред неговиот гол Германија ја имаше најголемата шанса за пресврт. Гнабри им ја одзеде топката на нашите фудбалери и повлече контра. Вернер беше сам на втората статива и ја доби идеалната топка, но напаѓачот на Челзи целосно ја промаши и со тоа Македонија го задржа водството.

За да му се заблагодарат, медиумите на шега му направија специјална македонска лична карта.