Верувале или не: Астероид со големина на фудбалски стадион се приближува кон Земјата

ИЗВОРСкопје24
|

За некого можеби оваа информација ќе биде фасцинантна за гледање, за некого страшна, но верувале или не астероид со големина на фудбалско игралиште денеска ќе се приближи до Земјата.

Како што соопшти истражувачкиот центар на НАСА – ЈПЛ (Лабораторија за млазен погон), се проценува дека астероидот „2020 Икс-ју-6“, со дијаметар од околу 213 метри ќе ѝ се приближи на планетата на растојание од околу четири милиони километри.

На 22 февруари, се очекува да минат уште два астероиди – „2020 БВ-9“, со ширина од 23 метри и „2021 ЦЦ-5“, со дијаметар од 40 метри, на растојание од околу 6,9 милиони километри во близина на нашата планета.