Верувале или не, лубеницата на скара е уште повкусна

|

Искористете ги предностите на сезоната за несекојдневни експерименти во кујна. Сите кои ја пробале лубеницата на скара велат дека е одлична.

Состојки: Една лубеница, Маслиново масло, Сок од два зелени лимони, Сол и Коријандер.

Подготовка: 1. Исечете ја лубеницата на парчиња, намачкајте ги со маслиново масло и сок од зелен лимон.

2. Посолете ги сосема малку и ставете ги парчињата лубеница на скара по 3-5 минути од секоја страна на скарата или на грил тава.

3. Кога ќе завршите, намачкајте ја со остатокот на сокот од зелените лимони и наросете коријандер. Добар апетит!