Весела прослава кај Весна – Бејби со полна трпеза и убави луѓе: Еве и кои (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Весба “Бејби“ Петрушевска е неуморна. Покрај редовните обврски во театарот стига да ја води својата актерска школа „Петрушевска“ за деца и младинци, да биде со своите мали пулени носител на снинањата на новото продолжение од култната серија за деца „Дајте музика“ и првата ситком серија за тинејџери „Гласна куќа“…

А,патем и да биде добра мајка и родител. како успева да ги „погаќа сите конци“ и притоа цврсто да ги држи во свои раце, само таа знае. како што знае да ги развесели сите околу себе, а најмногу своите деца, и тоа тогаш кога е највеселиот ден.

„Роденден е денот што го чекаме, цела година“ – вели познатата детска песничка, па затоа „Бејби“ се погрижи на својата ќерка Мина да и го направи единствен.

Дружење со другарчињата, журка за младите, со убава музика, роденденска торта, убави оподароци и безброј бакнежи, прегратки и желби за здравје, радост, среќа, успеси… за Мина и гордост за мама Весна!

Младите имаат своја забава, а гостите на мама Бејби – своја, поразлична и поинаква, а сепак славеничка. А роденденсдката прослава не минува без полна трпеза на која седнаа убави луѓе, за Бејби – најубавите!

„Домаќинке, добри гости ти дојдоа“… Ем полна, ем гласна куќа и тоа одбрани, кој од кој полични и попознати.

Главни на масата Каролина Гочева со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин и радиоводителката Ана Шутиновска. Трпезата полна, игла нема каде да фрлиш – од салати до даски со мезелаци… А чиниите празни! Уметниците, естрадни, ликовни, или оние од радиоетерот добро и обилно замезиле. Чашите до душа половинаполни, ама со вода! И по некоја со бело винце ќе да е… Ама, како и да е, важно е да е дружбата добра, за добар повод како овој! Епа нека се множат годините. И на помалите и на поголемите!

вистина.мк