Ветено – сторено: Тамара Тодевска ја покажа новата тетоважа – стих од химната

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската пејачка Тамара Тодевска деновиве пред камерите за естрадниот магазин Бекстејџ зборуваше на темата за која беше критикувана најмногу, а тоа е грешката која ја направи при изведувањето на химната, и притоа откривајќи на каков начин решила да ја исправи, Еднаш – засекогаш! За како што вели, повеќе да не ја боли што ја „мразат“ без причина.

Сега, таа ветеното го исполни, па денеска објави фотографии од тетоважата, инаку стих од химната која ќе ја носи засекогаш на себе.

По огромниот успех на Евровизија, пејачката ја испеа химната, но без стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ , па токму тоа го истетовира на своето тело.

– Ветено, сторено- напиша под фотографиите од тазе тетоважата.