Ви останал стар леб: Направете го овој супер брз доручек (Видео)

ИЗВОРСкопје24
|

Направете го овој доручек кој ќе ви заштеди време и пари

СОСТОЈКИ: 200 гр сирење, стар леб, 2 јајца, 1 лажица кисела павлака, 200 гр сувомеснато, 100 гр рендан кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Лебот исечете го на парчиња, јајцата разматете ги па измешајте ги со издробено сирење и павлака. Секое парче леб потопете го од двете страни во филот и редете во плех обложен со хартија за печење. Од горе преку лебот ставете го остатокот од филот, сечкано сувомеснато по избор и малку рендан кашкавал, можете да посипете и сусам. Печете на 200 степени околу 15 минути.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Еве уште едно решение како да направите вкусен оброк, ако во кујна имате малку бајат леб…

СОСТОЈКИ: стар леб, 3 јајца, 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 1/2 шолја млеко, масло, путер, цимет


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Лебот исечкајте го на коцки.
Јајцата разматете ги со млеко, лажица шеќер и кесичка ванилин шеќер.  Исечканиот леб потопете го во разматени јајца и пржете го на врело масло, со додаток малку путер.  Пржениот леб извалкајте го во мешавина од една лажичка цимет и две лажици шеќер.

Добар апетит!