Видео кое ќе ве разнежни: Момче си ја моли другарката од градинка да му биде девојка

ИЗВОРСкопје24
|

Шестгодишниот Киган Овен отиде во домот на Лејла Максвел, која има седум години, со една цел. Тој ѝ постави на својата симпатија едно многу важно прашање.

Имено, момчето заминало во домот на една година постарата пријателка од грандинка само за да ја праша дали сака да му биде девојка.

Целосната реакција може да ја видите во продолжение:

Научниците потврдија: Повеќе зеленило во градовите позитивно влијае врз животот на населението

Зеленилото и дрвјата го продолжуваат животот на луѓето кои живеат во населби опкружени со дрвја и трева, тврдат шпанските научници. Жителите во градот живеат подолго ако живеат во позелени населби, според студијата што ги поврзува зелените зони со пониска стапка на прерана с*рт.

Студијата објавена во списанието Лансет – Глобал здравство заклучува дека во градовите, од Барселона во Шпанија до Перт во Австралија, зголемувањето од 10 проценти на зелените места ја намалува предвремената с*рт за четири проценти.

Дрвјата во градовите го ладат и чистат воздухот, апсорбирајќи ги стакленичките гасови кои се главните виновници за глобалното затоплување.  Студијата користела податоци од девет други истражувања и опфатила повеќе од осум милиони луѓе во седум земји од Канада до Кина. Сателитските слики се користеле и за мерење на вегетацијата, која вклучува дрвја, ливади и грмушки на 500 метри од домовите на жителите. Нивоата на вегетацијата биле измерени со системот за индексирање на вегетацијата NDVI.