„Види Вака“ со награда за најдобра новинарска сторија од Советот за етика во медиумите за филмот „Собирачи“

loading...

Тимот на Види Вака освои награда од Советот за етика во медиумите за најдобра новинарска сторија за документарниот филм „Собирачи“. Види Вака ја доби третата награда на конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на
општествено – социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи.
 
Трета награда им беше доделена на новинарите Александар Манасиев и Мирко Трајановски кои беа дел од тимот на Види
Вака што работеше на краткиот документарен филм „Собирачи“. Според жирито: „документарецот обработува тема која досега воопшто не била или била симболично третирана во медиумите, давајќи им глас на луѓето што ретко имаат можност јавно да зборуваат за проблемите и се речиси општествено невидливи”. Со жирито претседаваше Санта Аргирова, а негови членови беа и Весна Никодиноска и Сељадин Џезаири.
 
На годинешниот конкурс се пријавија 62 стории од вкупно 35 автори.


 
Наградите се доделуваат со финансиска поддршка од УНЕСКО и ЕУ во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во
Југоисточна Европа и Турција“.

Ова е втора награда за тимот на Види Вака за документарецот „Собирачи“. Првата награда „Гласник на невидливите“ тимот на Види Вака ја доби во април годинава кога Македонската платформа против сиромаштија го награди филмот како дел од проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата и Европската мрежа против сиромаштија. Краткиот документарен филм „Собирачи“  ја следи животната приказна на Мифтар Себин од Скопје. Тој има 23 години и со својата количка собира пластика за да ги прехрани трите деца. Филмот прикажува како рециклирањето во Македонија се одвива врз грбот на неформалните собрирачи на отпад, а другиот дел го работи бизнис секторот кој што со тие суровини прави бизнис.

Автори на филмот се Александар Манасиев и Мирко Трајановски, сценариото е на Елеонора Венинова, камерата на
Синиша Илијески и Борис Каески, монтажата на Синиша Илијески. Продуценти на филмот се основачите на Види Вака,
Мите Кузевски и Горан Игиќ.
 
Документарецот погледнете го во продолжение: