Вие сте перфекционист? Еве неколку совети како тоа да не ви биде препрека на работното место

ИЗВОРскопје24
|

Ако знаете дека сте перфекционист, тогаш многу сте свесни за товарот што го носи тоа. Постојат две категории на перфекционизам.

Првата категорија подразбира перфекционизам во смисла дека човекот постојано бара совршенство во сè, што се изразува преку високи стандарди на работа. Во втората категорија влегува перфекционизмот на луѓето кои избегнуваат неуспех и се многу опсесивни за тоа.

Се разбира, има многу позитивни аспекти, како што е голема мотивација и посветување внимание на детали. Сепак, лошите страни се многу посериозни како појава на стрес, вознемиреност, замор. За среќа, дури и ако сте перфекционист, постојат начини да го спречите тоа да ви биде препрека на работа.

Ова се четири „микро чекори“ кои можат да ви бидат од голема помош:

Наутро запишете ги сите приоритети

На тој начин ќе се потсетите на она што е важно и ќе ги раздвоите приоритетите од помалку важните работи. Со тоа ќе го намалите стресот и ќе ја подобрите продуктивноста.

„Направете резиме“ на цел ден, дури и ако не сте ги исполниле сите задачи.

Ова е многу тешко, но мора да научите да не ви пречат „недовршените“ обврски. Кога ќе одморите, следниот ден ќе имате повеќе енергија да продолжите да работите.

Идентификувајте ја активноста што не е важна – и не правете го тоа повторно

Ќе имате многу повеќе време, а не знаевте дека на овој начин можете полесно да распоредите вашите обврски. И тоа време може да се посветите на поважни задачи.

Посветете се на најмалку една активност која секое утро ви носи радост

Тоа може да биде медитација, пешачење или подготвување појадок. Ќе бидете многу попродуктивни на работа и нема да го губите фокусот.