Викенд хороскоп: Послушајте ја својата интуиција

ИЗВОРСкопје24
|

Викендот кој претстои на сите хороскопски знаци им носи енергија за нови почетоци и промени.

Некои ќе посакаат да бидат повеќе физички активни, други ќе станат свесни дека на некои нешта треба директно да делуваат, за да можат да ги покренат, а кај трети ќе се појави неверојатна волја за промени.

Месечината овој викенд е во знакот на Овен, што кај сите хороскопски знаци остава простор за нови почетоци, но и дава можност да ги покажат своите лидерски способности. Во недела ќе добиете прилика да го истражувате она што го сакате, да дознаете некои тајни и да добиете одговри на многу прашања кои подолго време висат во воздух.

Користете ги зборовите како магично оружје. Помирете се со тоа дека промените се неизбежни и дури и ако не ви одговараат, не треба тоа да го земате при срце, туку да се навикнете на ситуацијата.

Слушајте ја својата интуиција и следете ја секаде каде таа ве води.