Викенд временска прогноза: Пред да дојдат пролетните температури, убаво подгответе се за утре

ИЗВОРСкопје24
|

Утре ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне на повисоките места и на планините ќе има услови за слаб снег.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер.