Викенд временска прогноза

ИЗВОРскопје24
|

Времето денес ќе биде претежно сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од -8 степени од -4 степени.

Прогноза за 25.01.2020

Минималната температура ќе се движи од интервал од -7°C до 0°C. Максималната температура пак ќе биде од 5°С до 12°C. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Прогноза за 26.01.2020

Минималната температура ќе се движи од интервал од -4°C до 2°C. Максималната температура ќе биде од 4°C до 12°C. Времето ќе биде умерено до значително облачно од попладне од запад со повремен дожд, на планините од снег.

Прогноза за 27.01.2020

Минималната температура ќе се движи од интервал од 0°C до 5°C. Максималната температура ќе биде од 5°C до 10°C. Времето ќе биде променливо облачно, со услови за повремен дожд, а на највисоките планини со повремен слаб снег.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела од средината на денот, преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Од недела утринските температури ќе се покачат.