ВИКЕНДОВ НЕСТАБИЛНО – СЕ ОЧЕКУВА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР, ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД ВТОРНИК

|

Овој викенд нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

До понеделник ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека од вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен, а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради спуштање на посвежа воздушна маса од север

.

Услови за локален краткотраен дожд ќе има и во почетокот од следната недела. Температурите овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, што значи дека и покрај нестабилното време, истите сеуште ќе бидат натпросечни.

Во Скопскиот регион за време на викендов, исто така се очекува нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 29 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаОдсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki