Вики Миљковиќ за еден детаљ во новиот дом ќе плати 10 000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Вики Миљковиќ неодамна купи три стана во „Белград на вода“ , а еден од нив планира да го уреди по сопствена желба, па дури пејачката е подготвена за еден предмет да плати 10 000 евра.

Како што пишуваат српските медиуми, Вики во својот стан сака да вгради камин за кој ќе плати 10 000 евра.

Таа со сопругот пред година дена пазариле луксузен стан, а сега решиле потполно да го реновираат – изјавил извор близок на пејачката.

„Вики и Ташке одлучија во дневната соба да стават камин. Веќе избраа модел од швајцарски произведувач, а каминот ќе биде вграден во ѕид. Мајсторите треба да започнат да работат следната недела, а Вики одлучи да не штеди кога е во прашање уредување на домот“ тврди извор близок на пејачката.

За потсетување, Вики овие денови живее во хотел бидејќи како што вели се иселила од куќата, а станот се уште не е подготвен за вселување.

вистина.мк