Вила од бајките – вака изгледа домот на Јелена Карлеуша

ИЗВОРСкопје24
|

Вилата во која живеат Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша ја носи титулата најубав дом во регионот. Оваа вила вреди цело богатство судејќи по фотографиите кои таа ги објавува.

Карлеуша живее како познати холивудски личности и кога станува збор за нејзиниот и домот на Душко, парите очигледно не биле проблем да се украси вилата токму според нивниот вкус и стил, како и желбите на нивните ќерки – Атина и Ника.

Домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е всушност величествена вила вредна два и пол милиони евра, пренесуваат локалните медиуми. Фудбалерот ја купи оваа луксузна зграда во 2018 година, а таа му припаѓаше на сега актуелниот селектор на српската фудбалска репрезентација, некогашниот фудбалски ас, Драган Стојковиќ – Пикси.

Луксузниот имот, како што се пишува, има два (надворешен и внатрешен) базени, две гаражи, како и огромен двор опкружен со високи sидови. Вилата е обезбедена со безброј безбедносни видео камери, кои ја чуваат безбедноста и приватноста на семејството. Врз основа на фотографиите што дивата ги објавува на „Инстаграм“, евидентно е дека куќата има пет бањи луксузно украсени во најелегантен стил, исто како што остатокот од собите зрачат со гламур.

Омиленото катче на Јелена Карелуша секако е нејзиниот гардеробер, кој е соба полна парчиња со потписи на светски дизајнери, вредни вистинско богатство.