Вилма Учета Дузлевска со несекојдневна награда – Business Elite’s „40 under 40“ за најуспешен млад бизнис Лидер од Југоисточна Европа

ИЗВОРСкопје24
|

По поминати два мандата на функцијата Генерален Директор во Кроација осигурување – Живот а.д., Скопје, Вилма Учета – Дузлевска изгради Компанија која стана лидер на пазарот за животно осигурување и препознатлив бренд на македонскиот осигурителен пазар. По постигнатиот успех во Кроација Осигурување – Живот а.д., Скопје, ангажманот го продолжува во рамки на Групацијата Кроациа Осигурување, во Друштвото за неживотно осигурување, кое работи на македонскиот пазар.

Богатата биографија и успесите низ годините беше мотив Учета – Дузлевска оваа година да биде избрана за еден од најуспешните млади Бизнис – Лидери од Југоисточна Европа.

“Business Elite Awards” е бренд на “Global Top Brands Awards”, креиран да го оцени и награди успехот на бизнисмените низ светот и да ги поврзе меѓусебно, создавајќи една глобална мрежа од млади Бизнис – Лидери кои силно и сплотено ќе имаат понатамошна можност за соработка и раст на компаниите кои ги представуваат. Програмата е посветена на извонредни млади менаџери и претприемачи.
Изборот е направен од страна на Борд составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и Светот, а наградата Business Elite’s „40 under 40“ Учета – Дузлевска ќе ја добие во Милано, Италија.

Овие денови, Учета – Дузлевска својата кариера во Кроациа Осигурување ја заврши и започнува нов ангажман за голем меѓународен бренд во полето на осигурувањето.