Висока е 210 цм и ги има најдолгите нозе на светот: Тешко ми е да пронајдам облека (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Иако некои аспекти од нејзиниот живот се различни и потешки, оваа девојка вели дека не би се менувала

Рентсенкорло Буд (29) живее во Америка, е по потекло е од Монголија и е, верувале или не, висока 210 сантиметри.

Поради нејзината неверојатна висина и фактот дека има најдолги нозе на светот, оваа девојка има голем проблем при пронаоѓање вистинските чевли и облека. Нејзините нозе се импресивно долги 1,3 метри, од колковите до потпетиците, пренесува ladbible.com.

Рентсенкорло потекнува од семејство во кое сите се високи. Нејзиниот татко е исто така висок 210 сантиметри, а нејзината мајка 185 сантиметри. Иако била малтретирана од своите врсници заради нејзината висина, таа е горда што е единствена и смета дека високите девојки се убави.

“Кога бев помлада, се чувствував лошо поради мојата висина. Се чувствував непријатно заради другите, но сега тоа ме прави посебна и се чувствувам добро. Во последните 15 години ја прифатив мојата висина и почнаа да ми се допаѓаат моите долги нозе “, изјавила Рентсенкорло.

Таа сега е модел, а најмногу работи за модни брендови кои произведуваат облека за високи девојки. Но, нејзината висина создава многу проблеми за неа.

“Сите врати се премногу ниски за мене и секогаш ја удирам главата на рамката. Тешко ми е да најдам облека. Носам чевли со големина 48, но не можам да најдам толку големи чевли во Америка, дури ни во Азија, Монголија и Кина. Отидов неколку пати на шопинг во Америка, но не најдов ништо. Сега претежно купувам преку Интернет“, истакнува Рентсенкорло.