Вистинска дама: Шениз од „Суровиот град“ е уште поубава во приватниот живот (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турската серија „Суровиот град“ моментално е една од најгледаните серии кај нас и во регионот, а една од главните женски улоги ја има познатата турска актерка Мине Тугај која ја игра лошата Шениз. Во серијата таа игра арогантна госпоѓа која со своите сплетки ги разгорува скандалите во угледното семејство, но во приватноста таа е скромна но модерна и стилизирана жена исто како и во серијата.

Мине има одиграно околу 30-тина улоги во ТВ серии, играни филмови, но тука се и театарските улоги, реклами и фотосесии. Секогаш изгледа беспрекорно, а доказ за тоа се фотографиите на социјалните мрежи.

Во најновото издание на Инсатграм таа позира во црно боди во бањата каде изгледа ултра згодно, поради што и многу помлади жени би и завиделе на изгледот.

Мине е една од најбараните актерки во Турција, па не случајно е избрана да игра важна улога во високобуџетни серии.

Инаку, Мине во припадноста е сосема нормална и скромна дама која е доста активна на социјалните мрежи, а од приложеното на нејзиниот профил на Инстаграм може да се забележи дека таа не преферира многу шминка, туку го нагласува природното.