Вистинска принцеза, онаа којашто носи среќа – значењето на името Сара

ИЗВОРскопје24
|

Името Сара е библиско име со еврејско потекло.

Ова прекрасно име означува жена од висок сталеж, благородничка, вистинска принцеза. Во исто време името симболизира и владетелка.

Името Сара е особено популарно кај еврејскиот и арапскиот свет, а исто така популарно е и кај народите коишто зборуваат фарси, грчки и англиски јазик.

Во арапскиот свет ова име во превод значи „онаа којашто носи среќа, весела, среќна и радосна“. Симболиката на Сара истовремено е и најголема, истакната, чувана, позната. Ова е име со премногу убави епитети.

Навистина сте среќни луѓе доколку познавате барем една Сара во животот.