Вистинска реткост: Газдата им се заблагодари на вработените со 13 милиони фунти

ИЗВОРСкопје24
|

Шефот на компанијата ќе подели 10 милиони фунти (12,91 милиони долари) меѓу вработените како подарок за неговото пензионирање.

Подарокот од извршниот директор на „Admiral“ Дејвид Стивенс и неговата сопруга Хедер ќе биде поделен помеѓу 7.500 вработени во Јужен Велс и 3.000 во странство, информира „ВВС“.

Вработените со полно работно време во компанијата ќе добијат 1.000 фунти (1.291 долари), а остатокот по 500 фунти (645 долари). Стивенс, кој заедно со својата сопруга ја основаа компанијата за осигурување за автомобили со седиште во Кардиф, во 1991-ва година изјави дека е „горд и среќен што работел со толку посебна група на луѓе“.

„Ова е вистинската работа да се направи за да им изразам благодарност на сите вработени во „Admiral““, рече тој.

„Нивната напорна работа и посветеност му дозволија на „Admiral“ да прерасне од стартап во компанија со над 11.000 вработени ширум светот. Компанијата беше одлично место за работа цело време. Мојата сопруга и јас им благодарам на сите во „Admiral“, вели Стивенс.

Поранешниот извршен директор и ко-основач Хенри Енгелхард направи сличен гест и обезбеди 1.000 фунти за вработените кога се пензионираше во 2016-та година или вкупно околу 7 милиони фунти (9,04 милиони долари). Кога беше основана, „Admiral“ продаваше автомобилско осигурување преку телефон во Кардиф со тим од само 57 луѓе.

Нејзините други канцеларии во Велика Британија моментално се наоѓаат во Свонси и Њупорт, како и канцелариите во Шпанија, Италија, Франција, Канада, САД и Индија.