Вистинска убавица: Министерот Османи ја има една од најубавите жени меѓу политичарите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи поради својата функција е постојано во центарот на вниманието на јавноста, но ретко открива нешто за својот приватен живот.

На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија. Но, никогаш не се откажал од својата примарна докторска професија.

„Две саботи во месецот дежурам, оперирам секој понеделник, и секоја среда два часа држам амбуланта и тоа се обидувам да го држам во континуитет бидејќи сепак сум хирург. Работам рачна работа и поголема пауза ќе значи губење на вештините“.

„Ме препознаваат пациентите и некако им е мило. Првиот впечаток кога ќе поминам низ ходникот, луѓето чувствуваат како да виделе некој познат и тоа е добро чувство. Овие денови, часови кога сум на клиника е поинакво од динамиката која што ја имам како вицепремиер“

„Откако завршив факултет се вработив во Градска болница и после тоа заминав во Лондон на спцијализација. Бев бубалица додека учев. После враќањето од Лондон, луѓето проценија дека моето искуство таму и овде е добра комбинација да бидам министер за здравство.“

„Тоа станав само штом наполнив 28 години“, изјави Османи за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Министерот во приватниот живот е оженет со неговата сопруга Валбона и е татко на две деца, син и ќерка.Валбона иако е една од најубавите сопруги на политичарите во нашата земја, сепак е скромна и не се експонира во јавност.

Османи и Валбона, која инаку е дипломиран политиколог, биле една година во врска пред да стапат во брак.

„Со Валбона ми се случи љубов на прв поглед, веднаш знаев дека таа е жената на мојот живот. Имаме големо разбирање и љубов, затоа и не сакав да чекам многу, и иако бевме во врска помалку од една година, додека бевме на викенд во Солун ја запросив“.

„Не би знаел дали има рецепт за успешен брак. Валбона е рецептот. Едноставно се погоди човек со кој што имам успешен брак. Таа е рецептот за мојот успешен брак. Се погодивме. Љубовта ни се развива со текот на времето. Таа врска доби нова димензија вон таа романтична врска. Сега со децата во приказната станува уште поубаво“, рече тој за „Бекстејџ“ и откри дали се уште има љубомора во нивната врска:

„Знам да бидам љубоморен, но и Валбона уште повеќе. Кога патувам ми се јавува со видео линк“, кажа Османи.

Валбона пак често на социјалните мрежи споделува нивни заеднички фотографии, според кои може да се забележи дека станува збор за среќно и хармонично семејство.

Инаку пред неколку недели Османи славеше роденден на својата ќеркичка Елиза која наполни осум години и по тој повод сподели фотографија на социјалните мрежи.

Османи дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година. На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од него и сопругата: