Вкусно прсти да излижеш: Тиквици полнети со јајца и сирење

ИЗВОРСкопје24
|

Вкусен рецепт за полнети тиквици кои се подготвуваат брзо и лесно, а можете да ги јадете за ручек или вечера. Откако еднаш ќе ги направите, ќе влезат во вашето секојдневно мени… вкусни, прсти да излижеш!

СОСТОЈКИ: 4 средни тиквици, 4-5 јајца, 300-400 гр сирење, сол, 1 лажица масло, бибер и 100 гр кашаквал.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Измијте ги тиквиците, пресечете ги на половини и издлабете ја средината. Подгответе фил – во сад измешајте јајца, сирење, сол, бибер и масло, добро измешајте и полнете ги тиквиците. Загрејте ја рерната на 160 степени, готовите тиквици посипете ги со кашкавал и печете 15 минути додека не добијат златна боја. Добар апетит!

Домашни мекици по оригинален старински рецепт

СОСТОЈКИ: 1/2 кг брашно 300 мл млака вода 1 кесичка сув квасец (7 гр) 1/2 лажичка сол масло или маст за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Просеаното брашно измешајте го со квасец, додајте сол, млака вода и замесете тесто малку поретко од она кое го правите за леб. Месете го тестото со дрвена лажица додека не почне да се одвојува од ѕидовиете на ванглата. Покријте со чиста крпа и оставете да нарасне. Во подлабок сад ставете доста масло, загрејте го, намалете ја температурата и пржете го тестото – мекиците. Рацете навлажнете ги во вода, од нараснатото тесто кинете парчиња, развлечете ги во саканите облици, ставајте ги во загреано масло и пржете ги од двете страни 3-4 минути.

Пржените мекици ставете ги на кујнска хартија за маслото да се исцеди. Послужете со сирење, кисело млеко, јогурт… Добар апетит!