Владата го прифати предлогот на Комисијата, од утре вечер полициски час до понеделник

ИЗВОРСкопје24
|

Предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воведување на ограничување на движењето за престојниот продолжен викенд во целост е прифатен од Владата.

Анализите покажале дека има неколку жаришта во земјава поради прекршувања как семејни собири , непочитување на препораките за превоз и слично.

Според одлуката, од утре во 21:00 часот, па сѐ до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје, Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.

За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.

Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така, информира дека од четврток, 4 јуни, од 21 часот, до понеделник, 8 јуни, до 5 часот наутро се забранува посета на вечните домови на цела територија на државата освен за пог*еби.

Аптеките ќе работат непречено за време на полицискиот час.

Остануваат да важат забраните за движење кои биле издадени претходно, а остануваат исти и термините за шетање миленичиња, од 8 до 8:30, 15 до 15 и 20 до 20:30 часот.