Владата понуди зголемување на платите во образованието за 10%, СОНК допрва ќе размислува

ИЗВОРТелма
|

Завршија преговорите во Владата меѓу министерот за образование Арбр Адеми и СОНК, кои инсистираат на поголема плата.

Владата понуди зголемување на платите за 10% од месец април догодина, што заедно со сегашните 5% би биле 15%. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека предлогот допрва ќе биде разгледуван во Синдикатот, но тој лично смета дека секогаш може многу повеќе да се издејствува во преговорите.