Властите во Дубровник: Забрануваат отворање нови ресторани – мештаните незадоволни

ИЗВОРСкопје24
|

Дубровник последниве години бележи значителeн пораст на бројот на туристите, а популарноста станува уште поголема по серијата „Игра на престоли”. Тоа резултира со прекумерен број постители.
Досега хрватскиoт „стар град“ се бореше со прекумерниот туризам со ограничување на бројот на бродовите за крстосување, намалување на бројот на продавниците за сувенири за 80 отсто, како оној на маси и столови пред рестораните за 20 отсто.

Сега властите најавија уште построги мерки.

Во декември Градскиот совет ќе гласа по предлогот за воведување мораториум за нови столови и маси на отворено којшто ќе важи за следните пет години. Ако некој пак, има намера да отвори ресторан, ќе добие решение само за затворен простор, што во центарот на Дубровник, на пр., е практично невозможно.

Бидејќи рестораните во Стариот град во Дубровник практично се приклештени за ѕидините со многу ограничен прстор , градините го спасуваат прометот а тоа значи дека во пракса новиот закон ќе значи и забрана за отворање на ресторан. Бидејќи Градскиот совет го поседува целиот јавен простор во Дубровник, затоа ќе одлучи дали на ресторанот ќе му се додели надворешен простор со столици или не.

Ако се има предвид тоа дека 99 отсто од масите во угостителските објекти во градот се на улица, новата мерка практично значи „забрана“ за нови ресторани.

вечер.пресс.мк