Влатко Лозаноски доби двојно државјанство

ИЗВОРскопје24
|

Влатко Лозаноски доби двојно државјанствo. Имено, популарниот Лозано моментално се наоѓа во Вевчани, каде се одржува овогодинешниот карневал под мотото „Напрај се василичар“, а градоначалникот на општината свечено му го предал вевчанскиот пасош кој што го имаат само почесните гости на Вевчани.

Инаку, на карневалот се очекуваат повеќе од 10.000 посететели од Македонија и соседството, како и над 1.000 маски и богата програма со културно-забавна содржини.

Покрај Лозано, вчеравечер настапија и DJ Todoroff, македонското поп-рок дуо Eye Cue и Brass Brothers.

Izvor: ubavinaizdravje.mk