Влезот на Клинички е блокиран и за возилата на брзата помош (ВИДЕО)

loading...

Две возила на брзата помош не можеа да влезат во Клиничкиот центар, поради долгата колона на возила пред рампата на Клиниката. Тие чекаа неколку минути, вклучија и сирени, но ниту едно возило не се помрдна да им остапи простор.

Проблемот со влезот во Клиничкиот центар е долгодишен. И покрај континуираните поплаки и од пациентите и од докторите се уште не се најде решение за сообраќајниот хаос. Наместо на посебен и секогаш слободен влез, возилата на брзата помош влегуваат на истиот влез со сите останати возила.

Очигледно е дека Клинички Центар треба да има посебен влез за брза помош, затоа што не може од исто место да влегуваат и посетители на клиниката и брзата помош, а покрај денешната ситуација и ова случка е доказ за тоа.

Со цел брзо да се реагира и брзата помош да може да влезе меѓу редот возила кои чекаа пред Кллинички центар, лани човекот од обезбедување мораше да ја скрши рампата затоа што не беше функционална. Во случаеви кога секунди се битни за да преживее некој, ова е недозволиво.