Внимавајте кога купувате половни автомобили: Еве на кои возила продавачите најчесто мамат со километражата

ИЗВОРСкопје24
|

Законодавството во некои земји манипулирањето со поминатата километража на користените автомобили го смета за криминал. Изгледите тоа да се случи и кај нас и во другите земји на Балканот засега се рамни на нула. Така е и во Русија, каде што еден од најголемите специјализрани портали Аvtо.ru направил истражување за да утврди кај кои брендови постои најголема веројатност да се има преправана километража.

Истражувањето се базира на анализа на податоците за историјата на илјаници користени автомобили кои се пуштени во продажба на Аvtо.ru. Се покажало дека најчесто „корекција“ на километражата правеле сопственциите на американските, јапонските и руските автомобили.

„Лидери“ по корегирани километражи се Сhryslеr и Dоdgе. Делот на автомобилите со манипулирана километража кај овие два бренда е 53% и 49%. Малку поретко на измама се решаваат корисниците на ГAЗ и Lаdа – 45% и 44%. Во првата петка се наоѓа и Hоndа (39%).

Кaндидaт-купувaчитe нa автомобили од големите брендови како Сhеvrоlеt, Сitrоеn, Hyundаi, Nissаn, Оpеl, Pеugеоt, Rеnаult, Tоyоtа и Vоlkswаgеn исто така треба да внимаваат. Кај секој трет автомобил на овие компании реалната километража нема ништо со вистинските бројки.

Во антикласификацијата на брендовите со најчесто корегирана километража се и Mitsubishi (37%), Fiаt (37%), Mаzdа (36%), Fоrd (35%), Skоdа (28%) и Kiа (27%). Најчесни пак се покажуваат продавачите на Jаguаr (25%), кинеските Lifаn и Gееly (пo 24%), Mini (22%) и Dаtsun (14%).

Како да ја дознаете вистинската километража на еден автомобил

Одговор на ова прашање даваат експерите од аutо.ru, кои ги посочуваат основните работи, кои помагаат да се разбере реалната километража на едно возило.

Првото кое треба да предизвика сомнеж е отсуството на сервис документи, што треба да одат заедно со автомобилот. Сервисната книшка јасно покажува, кога и на колку километри бил автомобилот, пред да се најде во рацете на продавачот.

Не се ретки и случаите кога сервисните книшки се фалсификуваат, но ако има фалсификат сервисна книшка тогаш информацијата од неа може да се провери во сервисот, кој ја истал истата и ставил печати.

Ако заклучите дека сите документи се в ред, тогаш второто кое треба да го направите е да преминете кон детален преглед на автомобилот. Многу гребаници и пукнатини на бојата, излижана тапацир на седиштата, нанесени гумени облоги на педалите, истрошени волан и рачна кочница во повеќе случаи се знаци за изминати стотици илјади километри.

На финалната етапа, ако при проверката на документите и визуелниот преглед сè ви изгледа добро е најдобро да ги проверите показателите на километражата во некој онлајн сервис или да се обратите за помош кон официјалниот продавач за брендот. Повеќето ќе ви дадат информација, за автомобилот како ги минувал прегледите во официјалниот сервис.