Лажен попуст се шири на социјалните мрежи – страна на Фејбук нуди „нинтендо свич“ за 123 денари

ИЗВОРСкопје24
|

На социјалната мрежа Фејсбук се шири објава за лажен попуст на „нинтендо“ сет за играње со OLED екран. Ова е измама, не наседнувајте на вакви објави.

Во текот на изминатава недела се појави лажна “наградна игра“ на неовластен продавач на Nintendo конзоли. Истите, на граматички неточен јазик, имаат дадено изјава дека Анхоч и Нинтендо имаат раскинат договор и дека они ја лик видираат останатата залиха.

Оваа информација НЕ Е ТОЧНА и е ИЗМАМА
Анхоч Ве замолува дека доколку на Facebook Ви излезе таква објава, истата да ја пријавите користејќи report > scams > Pretending to be Another Business, стои во објавата на Анхоч на Фејсбук.

Објавите за овој огромен попуст имаат низа коментари од лажни профили кои се обидуваат да ги легитимизираат чудните понуди. Па така, корисници со имиња како Dominique Carey, Jack Jones, Sarah Finch, Martial Nadeau, пишуваат коментари на македонски јазик користејќи кирилица со цел да ги убедат останатите корисници на Фејсбук дека понудата е реална.