Внимавајте на пазарите се продава тутун штетен по здравјето на граѓаните

ИЗВОРСкопје24
|

На пазарите се продава режан тутун со параметри кои се неколкукратно над дозволените и се штетни по здравјето на граѓаните кои ги конзумираат. До вакви сознанија стасале претставниците од Царинската управа по анализи на квалитетот и составот на режаниот тутун кој нелегално се продава на пазарите.

Моментно посебно работно тело во кое членуваат и претставници на тутунските компании работи на елиминирање на нелегалната трговија со тутун и тутунски производи.

Оваа продажба освен што директно го загрозува здравјето на граѓаните, што е сепак најважно, секако е и на штета на државата затоа што нелегалните продавачи не плаќаат акциза за тутунот.

Поскапуваат цигарите во Македонија

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.

Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите Вест, Родео и Бос.

Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари.

Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.