Внимавајте: Ова се најчестите грешки кои возачите ги прават во лето

|

Проверете ги сите детали внимателно, така што ненадејно оштетување или дефект, кое можеби сте биле во можност да ги спречите, нема да ве најдат неподготвени.

Кровните носачи за дополнителен товар на покривот

Кровните носачи дефинитивно треба темелно да се проверат, пред сè дали се добро и правилно прицврстени. Треба да обрнете внимание и на пакувањето на нештата – тешките треба да се стават доле, а лесните на врвот.

Зошто? Можеби нема да ви се верува колку сето тоа влијае на управливоста на автомобилот. Должината на тргата на сопирање може да биде подолга, а амортизерите исто така може да страдаат поради прекумерни сили во кривините.

Перење и полирање на топол автомобил на сонце

Врел автомобил, зажарен по целодневно возење или стоење на сонце, никогаш не треба да се мие со шампон, а миењето со ладна вода под голем притисок не е добро затоа што може да ги прошири микропукнатините на лакот. Истото важи и за полирањето затоа што и во тој случај се јавува оштетување на лакот.

Мирисни „елки“ и слично на контролната табла

Овие мали предмети за подобар мирис во автомобилот се натопени во хемикалии кои можат да ја оштетат пластиката во внатрешноста на автомобилот при директно и подолго изложување на сонце. Затоа е најдобро истите да ги ставите под седиштето во текот на летото, ако вашиот автомобил е изложен на сонце и се загрева подолго време.

Паркирање под елки и борови

Смолата што капе на лак ќе се зацврсти за брзо време како се приближува ноќта поради падот на температурата, а обидот за нејзино кршење може да резултира во оштетување на лакот. Ако ви се случи вакво нешто, решението е да користите производ за отстранување на смола или да го оставите автомобилот во раце на професионалци.

Возете во шорц за капење

Морската вода, покрај тоа што остава грди кругови сол на тапацирани седишта, може малку и да смрди. Немојте да бидете мрзливи и покријте ги седиштата со пешкир, и само тогаш седнете. Ткаенините во возилата се третираат со хемикалии кои го спречуваат развојот на бактерии или габи, но само до одреден степен, така што мувла лесно се создава.

Целиот текст прочитајте го на Додај Гас со клик ТУКА.