Вчера, на 25 јануари, се одбележаа 42 години од раѓањето на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.
По тој повод во Крушево и Скопје се одржаа низа настани кои го слават неговото дело, живот и хуманост.
Како и претходните 15 години на овој ден, социјалните мрежи беа преплавени со негово фотографии и песни кои се споделуваа во негова чест и спомен.
Неговата сестра Дора, како и секоја година, така и оваа му направи роденденска торта на која испиша порака: Секој твој роденден Тоше наша е воздишка.
Нејзиниот син Кристијан пак, на радост на сите фанови на Тоше, сподели една досега невидена фотографија од нивното семејство направена во родното Крушево.
На фотографијата се Тоше, сестра му Дора и Кристијан на свои рани години, на пикник во преубавата природа во Крушево.
Веруваме дека ова се најдраги спомени кои семејството Проески ги има и ги чува од заборав.
(Н.Ј.)