Во Австралија од денеска почнува летото – се ближи голем топлотен бран

ИЗВОРСкопје24
|

Во Австралија од денеска започнува летото. Силен топлотен бран се очекува да го зафати јужниот и источниот дел на Австралија, со што се зголемува ризикот од пожари.

– Иако горештините и топлотните бранови се вообичаени за овој период од годината, сепак оваа жештина се разликува по температурите повисоки за 18 степени Целзиусови над просечните, истакна Дин Нарамор од метеоролошкиот завод.

Поради високите температури граѓаните ги посетуваат плажите и базените за разладување.

Топлотниот бран, кој полека се движи кон североисток, го зголемува ризикот од пожари, а повеќе од 30 пожарникарски екипи се обидуваат да го локализираат огнот на локалитетот кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, островот Фрејзер.