Во Босна и Херцеговина има градина посветена на нашата легенда Тоше Проески

ИЗВОРскопје24
|

Еко село во близина на Сараево буди емоции кај фановите на Тоше Проески.

„Raj u raju“ е идилично место во Босна и Херцеговина, создадено за одмор и релаксација. Улиците, градините, бунгаловите и апартманите во него се именувани по легендарни имиња од Балканот, меѓу кои и на нашиот непреболен ангел Тоше.

Во селото постои градина со бунгалови именувана по македонскиот пејач, чиј живот трагично згасна во 2007 година. Стихови од песните на Тоше се поставени насекаде низ градината и им будат силни чувства на сите кои ја сакаа неговата музика.

На Facebook страницата посветена на Тоше беа објавени фотографии од градината. „Еко село “Raj u raju” на околу 80 километри од Сарајево. Посветено на нашиот Тоше. Легендите живеат вечно! Фала Босна и Херцеговина“ – пишува во описот.

Погледнете како изгледа останатиот дел од еко селото.

Извор: femina.mk