Во Босна и Херцеговина врне снег, еве кога ќе пристигне снег и вистинска зима во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Снежни врнежи ги изненадија граѓаните на Босна и Херцеговина. Снег падна на Купрес на југозападот на зeмјата.

Според порталот „AccuWeather“ декември ќе биде благ со температури кои се нешто над просекот за овој период од годината, но голема е веројатноста дека децата нема да имаат преголеми шанси да му се радуваат на снегот.

За регионот во кој што влегува и Македонија, според прогнозите се очекува декември да има просечна температура со околу степен и половина над просекот.

Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под 20 степени, но ова е сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период. Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.

За Нова година се очекува поприлично топла ноќ, па наместо снег граѓаните можат да очекуваат дождлив ден. Долгорочните прогнози укажуваат дека оваа зима ќе биде мека, со невообичаени и натпросечни температури.

Што се однесува до снегот, се очекува тој да се појави некаде во втората половина од декември, односно во периодот од 24 до 26 декември. Но важно е да се спомене дека тоа е само појава на снег, но не и снежна покривка која со нетрпение ја очекуваат најмладите. Можно е тогаш да ги видиме снегулките во текот на вечерните или утринските часови, но до формирање на снежни покривки нема да дојде.

Вистинската зима не очекува дури во јануари.

НЕ ОЧЕКУВА НАЈЧДНАТА ЗИМА ДО СЕГА

Метеоролошкиот сервис AccuWeather објави долгорочна прогноза за зимата која доаѓа.
Додека за подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури на почетокот на зимата, се чини дека зимата на Балканот ќе биде блага – без силни температурни осцилации, а ќе изостанат и големите количини врнежи.

Додека во поголемиот дел на Европа ќе има многу бури, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.

„Ќе има невреме, но нема да бидат толку изразени како минатата година“, прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, бурите ќе се појавуваат помеѓу долготрајните сушни периоди.

„Овој регион може да има долги суви и топли периоди, пропследени со бури кои ќе траат една недела, а потоа ќе се враќа сувотот време од две до три недели“, рекол метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекувааат силни бури, предвидуваат метеоролозите на AccuWeather.

„Тоа ќе допринесе до слаба снежна сезона на планините“, додал Ројс.

Најостра зима ќе ја зафати источна Европа и источна Скандинавија. Почетокот на зимата нема да биде обележан со продор на силни и изразени студени бранови, но тоа може да се случи кон крајот на зимата.

„Може да видиме неколку кратки студени бранови во декември, но вистинскиот студ нема да се случи се до крајот на сеозната“, рекол Ројс.

Најмногу снег и голем студ се очекува кон крајот на декември и почетокот на јануари на подрачјето на Финска до Украина. Се очекува големите количини снег на тоа подрачје да се задржат се до крајот на февруари. Студениот бран кој од таму ќе дојде во Европа може кон крајот на зимата да зафати и делови на Полска, Словачка и Романија.

Активен почеток на сезоната со силни ветрови се предвидува за британските острови, северна Европа и Скандинавија.

Оваа година тоа подрачје веќе беше погодено од неколку бури, вклучувајќи ја и бурата Лоренцо, која во еден момент беше ураган од категорија 5 над Атланскиот океан. Меѓутоа, зачестените бури нема да го достигнат својот врв се до почетокот на 2020 година.

„Бурите ќе бидат најактивни на почетокот на јануари“, предвидува метеорологот Ројс.

Поради бурите делови од Велика Британија ќе бидат под закана на поплави, а крајот на сезоната на бури се очекува кон крајот на февруари и почеток на март.

„Вториот дел од зимата ќе биде многу помирен отколку нејзиниот почеток“, превидуваат метеоролозите.

„Додека бурите ќе беаснеат на северот на Европа, поголемите количини дожд и снег би требало да донесат олеснување за поголемиот дел од Европа – од Португалија, па се до Полска, откако тоа подрачје летово беше погодено од голема суша.

Реката Рајна во текот на летото пресуши, а есента не донесе доволна количина дожд за да помогне да се реши ситуацијата, велат метеоролозите